За нас

На Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р.Державин” Свети Николе, Битола постои Факултет за безбедносно инженерство, со стручни лица од областа на безбедноста и здравјето при работа. Во склоп на Факултетот за безбедносно инженерство наш тим на професионалци изработува секаков вид елаборати од областа на безбедност и здравје при работа и пожари.

Нашиот тим има за цел на стручен и професионален начин да им помогне на работодавачите во спроведувањето на Законот за безбедност и здравје при работа.

Безбедноста и здравјето при работа и пожари се континуирани процеси на кои треба да им се пристапи многу одговорно. Примената на мерките, прописите и стандардите е потребен чекор за секој работодавач.

Лиценца

Овластено правно лице за безбедност при работа

МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ
„Гаврило Романович Державин“
Свети Николе

Решение бр. 07-2281/5
Министерство за труд и социјална политика на Р. Македонија

list22 (2)

Проценка на ризик

cogwheels10

Тестирање и контрола на работна опрема

profile5

Програми за обука на вработените

stats48 (1)

Периодични мерења за физички штетности

exit1

План за евакуација и спасување

document238Концепт на изјава за безбедност

construction15

План за времени мобилни градилишта

hand220

Eлаборат за заштита на животна средина

home168

Eлаборат за заштита од пожар

fire50

План за заштита од пожар

Проценка на ризик на работно место

Проценка на ризик на работното место, мора да направи секоја фирма без разлика на дејноста, или бројот на вработените. Проценката на ризик на работното место, е акт кој содржи опис на работниот процес со проценката на ризикот од повреди и/или оштетување на здравјето на вработениот на работното место во работната околина и мерки за отстранување, или намалување на ризикот со цел подобрување на безбедноста и здравјето при работа.

Со изработување на квалитетна Проценка на ризикот на работното место во работната околина, работодавачот истовремено се заштитува себе си, своите вработени и својот бизнис и ги подобрува своите перформанси на пазарот.

clipboard109

document238

Концепт на изјава за безбедност

Секој работодавач мора да изготви и спроведе изјава за безбедност за секое работно место, прецизирајќи го начинот и мерките, кои треба да се преземат. Изјавата за безбедност се заснова врз идентификација на опасноста и проценка на ризиците по безбедноста и здравјето на работното место и во работната средина, на која се однесува изјавата за безбедност.

Изготвувањето на Изјавата за безбедност, е обврска на секој работодавач, без разлика на дејноста, бројот на работните места, или бројот на вработени во претпријатието.

Редовно тестирање и контрола на работната опрема

Работодавачот е должен средствата за работа да ги одржува во исправна состојба, да ја проверува исправноста и безбедноста за работа со повремени прегледи и испитувања, кои ги врши на начин и во рокови пропишани од производителот, техничките прописи и стандарди.

Работодавачот не смее да стави во употреба средства за работа кои не се прегледани и испитани за безбедно работење, односно ако не се исправни за безбедна работа, ниту пак вработениот смее да употреби такви средства за работа.

Со правилно одржување, прегледи, контрола и периодично испитување се продолжува времето на искористување на работната опрема, се намалува ризикот од повреди на рабтното место и се намалуваат ризиците од материјална штета

cogwheels10

sunny39

Mерења на физички штетности (топлина, бучава и осветлување) и микроклиматски услови во работната средина

Mикроклиматски фактори, контрола на:

  • контрола на температура,
  • контрола на релативна влажност,
  • контрола на брзина на струење на воздух,
  • контрола на атмосферски притисок

Работна средина, физички штетности:

  • контрола на моментално и континуирано ниво на бучава во работната средина
  • контрола на осветленост во затворени работни средини

Изработка и спроведување на програми за обука на вработените за безбедно извршување на работите

Важно е вработените да се оспособат за безбедна и здрава работа.

  • Работодавачот треба да ја изврши законската обврска за изработка на програма и обука на вработените за безбедност на работно место.
  • Вработените треба да бидат запознаeни со опасностите и штетностите на своите работни места, за можните повреди на работното место и професионалните заболувања, како и со мерките за безбедна работа.

profile5

Работата на стручното лице за безбедност и здравје при работа

Работата на стручните лица за безбедност и здравје при работа е комплексна услуга, која се нуди со системот за безбедност и здравје при работа во претпријатието.

  • Секој работодавач (без оглед на видот на активноста, структурата на работата и бројот на вработените) е должен со акт во писмена форма, да назначи стручно лице за безбедност и здравје при работа, според Законот за безбедност и здравје при работа, (Сл. весник бр. 53/2013 год. – член 18, ст. 1).
  • (1) Работодавачот за вршење на работите од областа на безбедноста при работа мора да назначи едно или повеќе стручни лица.

Стручното лице за безбедност и здравје при работа нуди:

Според член 19, ст. 1 од Законот за безбедност и здравје при работа (Сл. весник бр. 53/2013 год.)

Примарни обврски на стручното лице се:

  • советување на работодавачот за планирање, избор, купување и одржување на средствата за работа,
  • советување на работодавачот за опремување на работното место и работната средина, 
  • изготвување на стручна основа за изјавата за безбедност,
  • вршење на редовни и контролни прегледи на хемиските, физичките или биолошките ризици во работната средина,
  • вршење на редовни и контролни прегледи и испитувања на работната опрема,
  • вршење на внатрешен надзор над спроведувањето на мерките за безбедно извршување на работата,
  • изработка на упатства за безбедно извршување на работата,
  • следење и анализа на повредите поврзани со работењето, професионалните болести, идентификација на причините за истите и подготовка на извештаи за работодавачот, заедно со сите предложени безбедносни мерки и
  • подготовка на програма и спроведување обуки на вработените за безбедно извршување на работата

Контакт информации