ОБУКА: БЕЗБЕДНОСТ НА МАШИНИ

Со предавањето е предвидено да се презентира потребата на современото општество од спроведувањето на комплементарните активности со цел користење на безбедни машини. Предавањето е предвидено да се одвива во тек на еден работен ден, со неколку сесии на кои одделно ќе бидат презентирани аспектите во Република Македонија и Европската Унија за оваа многу значајна тема.

Предавањето треба да придонесе секој слушател да добие сознанија за барањата, прописите и методите на работа кои овозможуваат безбедни машини и безбедни процедури за работа со нив.

Успешното совладување на оваа материја може значително да придонесе во минимизирањето на бројот на повреди при работа или смртни случаи кои како причинител во себе ја содржат компонентата – небезбедна опрема за работа – машина.

Обуката е наменета за лица кои работат:

  • во областа на електроодржување на машини, уреди, постројки, лаборатории, компјутерски лаборатории;
  • на проектирање и развој на електроенергетски системи, специјални машини и електронска опрема;
  • за стручни лица од областа на безбедност и здравје при работа.

Семинарот ќе се одржи во Меѓународниот Славјански Универзитет “Г.Р. Державин“ – Свети Николе на 30 ноември 2018 година.

Темите кои ќе бидат опфатени на оваа обука се:

  • „Машина – Што е тоа? Дефиниција и примери.“
  • „Барања и прописи поврзани со безбедноста на машините во РМ“
  • „Прописи во ЕУ поврзани со безбедноста на машините“
  • „Примена на стандардите во РМ и во ЕУ за безбедноста на машините“
  • „Безбедност на машините на точката на прием“
  • „Безбедност на машините при секојдневното работење со нив“
  • „Пред-оперативни и оперативни проверки на машините“
  • „Неопходна документација при работа со машините“
  • „Обука на операторите за работа со машините“

ПРЕДАВАЧИ:

  • Доц. д-р Деан Брковски, дипл. маш. инж. – Професор на Факултетот за безбедносно инженерство на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“
  • Стручен соработник дипл. маш. инж. Сашко Стојмановски – Претседател на Групација за БЗР при Стопанска комора на РМ

За сите заинтересирани субјекти предвидена е котизација од 3100,00 денари по лице, за присуство на обуката, предавањата, материјали за присутните, кафе пауза и ручек за време на предавањата и сертификат за присуство. За учесниците од Македонија уплатата се врши на следната сметка:

Примач: МСУ Г. Р. Державин
Банка: ЦКБ
Жиро с-ка: 320 10000 2856845

Секој учесник ќе добие Уверение за учество.

Учесниците со лиценца за вршење стручни работи од безбедност и здравје при работа од Министерство за труд и социјална политика ќе бидат бодувани со 10 бода.

За дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на тел. 032/440-330 или 076/807-992 (м-р Тањица Трајчева).

Ве молиме Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 29.11.2018 год. поради резервација на места, на е-пошта: bzpr@msu.edu.mk .