ОБУКА: БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА СО ЕЛЕКТРИЧНА И ГРОМОБРАНСКА ИНСТАЛАЦИЈА

Обуката е наменета за лица кои работат:

  • во областа на електроодржување на машини, уреди, постројки, лаборатории, компјутерски лаборатории;
  • на проектирање и развој на електроенергетски системи, специјални машини и електронска опрема;
  • за стручни лица од областа на безбедност и здравје при работа.

Семинарот ќе се одржи во Меѓународниот Славјански Универзитет “Г.Р. Державин“ – Свети Николе на 14 септември 2018 година.

Темите кои ќе бидат опфатени на оваа обука се:

  • ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА КАКО ИЗВОР НА ОПАСНОСТ ЗА ПОЈАВА НА ПОЖАР ИМЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ВО РАБОТНАТА СРЕДИНА
  • ЗАЗЕМЈУВАЊЕ – ПОГОНСКО И ГРОМОБРАНСКО
  • МАНИПУЛАЦИИ СО КОМУТАЦИОНАТА ОПРЕМА ВО РАЗВОДНИ ПОСТРОЈКИ НА ТРАФОСТАНИЦИ

ПРЕДАВАЧИ:

  • Професори од Факултетот за Безбедносно Инженерство од Меѓународниот Славјански Универзитет “Г.Р. Державин“ СветиНиколе и
  • Професори од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) – Скопје

За сите заинтересирани субјекти предвидена е котизација од 3100,00 денари по лице, за присуство на обуката, предавањата, материјали за присутните, кафе пауза и ручек за време на предавањата и сертификат за присуство. За учесниците од Македонија уплатата се врши на следната сметка:

Примач: МСУ Г. Р. Державин
Банка: ЦКБ
Жиро с-ка: 320 10000 2856845

Секој учесник ќе добие Уверение за учество.

Учесниците со лиценца за вршење стручни работи од безбедност и здравје при работа од Министерство за труд и социјална политика ќе бидат бодувани со 10 бода.

За дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на тел. 032/440-330 или 076/807-992 (м-р Тањица Трајчева).

Ве молиме Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 13.09.2018 год. поради резервација на места, на е-пошта: bzpr@msu.edu.mk .